Мисија и Визија

ЈЗУ Здравствен дом Берово е јавна здравствена установа која пружа квалитетни здравствени услуги на територијата на Општина Берово од превентивна, примарна и секундарна здравствена заштита. Располагаме со високо стручен здравствен кадар кој се стреми кон подобрување на здравствените услуги во смисла на квалитет и ефикасност.

Нашата установа ги следи највисоките стандарди во пружањето на здравствените услуги благодарение на долгогодишното искуство на персоналот на нашата установа. Полни со енергија, стручност и гостопримливост која се одразува од нашата традиција, ние ја обновуваме и засилуваме нашата посветеност за зачувување на здравјето на нашите пациенти.

Наша Дејност

Итна медицинска помош и домашно лекување примарна здравствена заштита во рурални средини, превентивна здравствена заштита за предучилишни и училишни деца, поливалентна патронажа, стоматолошка здравствена заштита на деца до 14 годишна возраст, биохемиско-лабораториска дејност, обезбедување со лекови, радиодијагностика, интерна медицина, офталмологија, здравствениот дом на своето подрачје за кое е основан организира породување со стручна помош

alternative

Контакт Информации